БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК
Следната недела во Собранието започнува дискусијата заБуџетот за 2023 година. Продолжува демократскиотпроцес на носење на најсеопфатниот план на политики и мерки на Владата во текот на една фискална година. Очекувам интересот за дискусија годинава да биде голем, со оглед на тековниот глобален контекст, но и новите карактеристики на буџетот, поради новиот Закон за буџети.
Добро е да има дискусија. Борбата на мислења е секогаш добредојдена и ќе истакнам – витална во носењето наважни одлуки. Транспаретноста е вториот клучен елемент. Оттаму, во домот на демократијата, тимот на Министерството за финансии и јас како министер, отчетно и транспарентно ќе го образложиме и браниме предлогот пред народните избраници. Ќе истакнам, покрај билансот на приходи и расходи, ќе зборуваме за еден многупоширок концепт на политики, бидејќи неопходно е прво економијата да закрепне, а потоа и да се поставатсоодветни политики за забрзување на растот и консолидација на јавните финансии на среден рок.
Изминатите три години нашата економија, како и останатите економии во светот, минува низ крупнипредизвици. Пандемијата, а понатаму и енергетската криза и ценовните притисоци, засилени со неизвесноста која ја донесе војната во Украина, беа реална причина зошто не се реализираа посакуваните економски резултати. Но, тоа не значи дека по стабилизирање наглобалните движења, поставените стратегии и планираните алатки и мерки нема да ги дадат целнитерезултати понатаму. Кога зборуваме за економски раст и развој, тоа не е процес кој може и треба да се постигнесамо за една година, туку долгорочен процес наструктурни промени кои ќе дадат одржливи резултати. Среднорочниот карактер на буџетот и неговотопоставување врз стратешки документи како Планoт зафискална одржливост и поддршка на економскиот раст, Планот за јавни инвестиции и Планот за забрзанекономски раст, како генерална рамка, е значаен чекор вонапорите за постигнување на целите.
Меѓународните институции како пресечна точка заиднината на глобалната економија, особено за помалку развиените и економиите во развој, ја гледаат ковид-19 кризата. И покрај тоа што изгледа дека ефектите од пандемијата се надминати, економските предизвици со кои сега се соочува светската економија, односновисокиот ценовен раст и стапките на инфлација, како и предизвиците во обезбедувањето на енергија, имаатповрзаност или се одложени ефекти од ковид-кризата. Во Извештајот за глобален раст 2022 на Светската банка, се истакнува дека економиите во развој по ковид–кризата останаа со ограничен фискален простор и сега се уште поранливи на процесот на нормализација на монетарната политика во развиените економии. Во Извештајот се посочува потребата од рано откривање на скриените финансиски ризици, бидејќи билансите на секторитедомаќинства, корпоративниот сектор, финансискитеинституции и владите се тесно поврзани. Исто така, сеукажува на потребата на реструктуирање на долгот, како и обезбедување на пристап до финансии. Г-20 групата како приоритети во пост–ковид периодот ги истакнуваатподготвеноста да се делува во делот на здравството, дигитална трансформација и вклучување на микро, малите и средните претпријатија во дигиталниотекосистем, како и одржлива енергетска транзиција конпочисти извори на енергија.
Ако се гледаат заедничките аспекти на економскитетеории за економски раст – класичната, неокласичната и модерната, кај сите нив развојот на технологијата и иновациите се посочени како двигатели за забрзување наекомскиот раст. Исто така, тука се инвестициите, како вофизички така и во човечки капитал. На пример, класичната теорија на Смит и Рикардо, економскиот растго темели врз акумyлација на капитал, реинвестирање, специјализација и иновација. Неокласичното гледиште е дека економскиот раст е резултат на три фактори – труд, капитал и технологија. Модерната теорија на економскираст гледа на иновациите и науката како движечка сила запоттикнување на економскиот раст. Имено, ендогенитетеории на економски раст, кои укажуваат декадвигателите на растот се вградени во рамките насистемот, односно зголемувањето на иновациите и човечкиот капитал генерираат нов потенцијал за раст и сотоа надминување на опаѓачките приноси на ограниченитересурси како фактори на производство.
Разгледувајќи ги сите овие фактори во современото пост-ковид окружување и осврнувајќи се на специфичнитекарактеристики на нашата економија, во оваа колумнаразработувам неколку поопшти, но суштинскиразмислувања за насоките за повисок економски раст кајнас. Во продолжение, пет клучни чекори за забрзување наекономскиот раст.
1. Постепена, но спроведлива фискалнаконсолидација
За да зборуваме за забрзување на економскиот раст и користење на јавните финансии за стимулација на растот, пред се треба да постоифискален простор. Пандемијата, а потоа и енергетската криза, влијаеа на покачување нанивото на јавниот долг кај најголем дел од земјите воразвој (по пандемијата кај земјите од Југоистиочна Европа јавниот долг беше покачен во просек за десетина процентни поени). Со ова фискалниот простор за дејствување се стесни и препораките на меѓународните финансиски институции за овие економии беше фискалниот одговор во енергетската и ценовната криза да биде таргетиран, со цел да се одржи макроекономската стабилност.Заклучуваме дека фискалната консолидација е нешто што неизбежно мора да се случи за да можеме да зборуваме за економски политики кои ќе го стимулираат економскиот раст.
Но, од друга страна, силното фискално затегнување, особено во време кога економскиот раст забавува, можеда предизвика контракција на економијата и негативнипоследици. Оттаму, по надминувањето на првиот и најсилен удар од пандемијата, започнавме со постепено намалување на буџетскиот дефицит. Со новиот предлог–буџет за 2023 година, буџетскиот дефицит се намалува за 0,7 процентни поени во однос на проекцијата за 2022 година. Наша цел е на среден рок тој постепено да сесведе под 3%, односно под Мастрихшкиот критериум.
Повеќе пати имам пишувано за стратегијата како дадојдеме до стеснување на дефицитот, односноразликата помеѓу приходите и расходите, а без притоа да наштетиме на економскиот раст. Сепак, вредно е повторно да спомнеме дека тоа може дасе постигне прекукомбинирани мерки. Овие мерки вклучуваат подобрување на наплатата на буџетските приходи, преку зајакнување наадминистративните капацитети и подобрување науслугите на УЈП и на Царината, мерки за намалување насивата економија и даночна реформа. Исто така, се оди и кон намалување и реструктурирање на буџетските расходи, намалување на тековните расходи и ревидирањена методологиите за трансфери и субвенции. Во таа насока, веќе е донесен Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст. Дополнително, мерките на расходната страна, покрај штедење, предвидуваат и подобрување на квалитетот на расходите, односнозголемување на уделот на капиталните расходи вовкупните (како што е и во Предлог–буџетот за 2023 година), поголема поддршка на приватниот сектор и поддршка на иновациите и зајакнување наконкурентноста.
Трет дел од мерките за фискална консолидација сеоднесуваат на промена на изворите за финансирање набуџетскиот дефицит, но и финансирање и реализација на одредени проекти преку јавни–приватни партнерства, Развоен фонд за стратешки инвестиции и мобилизирање финансиски капитал од меѓународни финансиски институции, како и преку приватниот сектор. Добарпример за третиот вид на мерки е овогодинешнотоменаџирање со должничкото портфолио зафинансирањето на дефицитот, во едно исклучителнотешко окружување во кое цената на капиталот наглопорасна, поради затегнувањето на монетарната политикаод страна на големите централни банки. Имено, сокомбинација на досега неприменуван инструмент – обврзници на германскиот пазар на капитал, користење на средства преку Инструментот за претпазливост и ликвидност на ММФ (изминатата недела Собранието го усвои Предлог–законот со кој ќе се овозможи да ни сестават на располагање 530 милиони евра во период од две години), како и средства од домашниот пазар накапитал, само по основ на камати, заштедени се неколку десетици милиони евра.
Исто така, во насока на диверзификација на изворите зафинансирање, ќе се работи на унапредување нафинансискиот пазар на државни хартии од вредност, за што ќе се осврнам подетално понатаму во текстот.
Со новиот реформски Закон за буџети, се поставуваатмеханизми за контролирање на јавниот долг и дефицитот. Законот овозможува воведување фискални правила задолгот и буџетскиот дефицит, а се поставува и законскатаоснова за формирање на Фискален совет – независнотело кое ќе го контролира спроведувањето на фискалнитеправила.
2. Добра стратегија и план за забрзање наекономскиот раст
На претходната порака и насока се надоврзува и следната. За забрзување на растот потребни сефинансии, потребни се инвестиции, свеж капитал, за којтреба да се бараат и други извори покрај јавниот сектор. Затоа, потребна е добра стратегија и план за ова.
Стратегијата за закрепнување на економијата, забрзан и одржлив раст (SmartER Growth), на која се засниваПланотза заздравување и забрзан економски раст, се состои одчетири столба: (i) економско заздравување, (ii) забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, (iii) зајакнување наконкурентноста на приватниот сектор и (iv) развој начовечките ресурси и еднакви можности. Во рамки на оваа стратегија најважни семерките за одржливост на јавнитефинансии, инвестиции во човечкиот капитал, инвестицииво физичкиот капитал, односно во инфраструктурата, водигитализацијата, рамномерен локален и регионален развој, одржлива и здрава животна средина.
Планот за заздравување и забрзан економски раст себазира на принципот на Јункеровиот план, односно покрај јавниот, мобилизирање и на приватниот капитал и неговоставање во функција на економскиот развој. Преку креирање и користење на нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање, целта е да сесоздаде мултипликативен ефект и да се мобилизираатнеколкукратно повеќе средства и инвестиции одприватниот сектор, покрај инвестициите од јавниот сектор. Развојни фондови, фондови за поддршка на иновации, гарантни фондови, еквити фондови, фондови за ризичен(venture) капитал и слични инструменти за поддршка на извозни компании, мали и средни претпријатија, како и социјални претпријатија, јавно-приватни партнерства, концесии и други инструменти се дел од овој план. Сосредствата ќе се подржат проекти во јавниот и приватниотсектор кои ќе значат подобрување на конкурентноста наекономијата и подобрување на квалитетот на живот, животната средина, дигитализацијата, иновациите, човечкиот капитал и општествената инклузивност.
Во насока на диверзификација на изворите зафинансирање е и развој на домашниот пазар на капитал,преку воведување на нови видови на финансиски инструменти кои ќе имаат различна примена. Планираное воведување на „развојни обврзници“ со кои ќе сепоттикне финансирањето на развојните проекти воземјата. Граѓаните ќе можат да ги пласираат своите заштеди во овие најсигурни финансиски инструменти, даостварат принос, а со тоа и да се намали готовинското штедење и да се поддржи економскиот раст. Планирано е воведување и на „зелени обврзници“, наменети за поттикнување и поддршка на проекти за унапредување и заштитата на животната средина. Исто така, планирано е воведување на „проектни обврзници”, кои ќе бидаталтернативен начин за финансирање на проекти поврзанисо инфраструктура, наменети за институционалнитеинвеститори.
3. Инвестиции во човечкиот и физичкиот капитал
Инвестициите, јавни и приватни – се моторот наекономскиот раст и развој. Инвестирањето, како вочовечкиот, така и во физичкиот капитал, е онојмултипликативен дел од равенката за бруто-домашниотпроизвод. Оттаму, фокусот го ставаме на инвестициите, вклучително и со новиот предлог–буџет.
Инвестициите во човечкиот капитал се издвоени какоеден од петте клучни приоритети на Владата. Ќе посочам дека со техничка помош од Светска банка, работиме наСтратегија за развој на човечкиот капитал, со што земјава се издвојува како прва во регионот која ќе добие ваков стратешки документ.
Во однос на инвестициите во развој на инфраструктурата, нашата заложба е со секој буџет тие да бидат повисоки. Структурата на буџетот се менува во интерес наразвојната компонента. Инвестициите со секој следенбуџет се зголемуваат. Иако во јавноста на повеќе навратисе истакнува реализацијата на инвестициите, мора да се истакне дека и со планирањето на повисока сума, сепоттикнува повисока реализација. Исто така, имплементирани се механизми, како КАПЕФ, кои имаат зацел да ја поттикнат реализацијата како процент одпланираната сума.
Следната година имаме планирано за околу 50% повеќекапитални расходи во однос на тековната година. Конципирајќи го овој буџет се водевме од „златнотоправило“ во јавните финансии – задолжување, односнодефицит, само во функција на поддршка на нови инвестиции.
4. Дигитализација
Дополнително стимулирање на економскиот раст може да сепостигне преку дигитализацијата. Дигитализацијата е препознаена како движечка сила на економскиот раст восовремените услови, како во развиените, така и во економиитево развој. Таа е катализатор на растот на продуктивноста натрудот и капиталот, како и начин да се добијат производи и услуги по пониска цена. Дигитализацијата во јавниот сектор ќеги подобри услугите кон приватниот сектор и ќе ги поедноставипроцедурите, додека во приватниот сектор ќе ја поттикнеиновативноста и конкурентноста.
Во оваа прилика ќе се осврнам на дигитализацијата во јавнитефинансии, конкретно на интегрираниот информациски систем-ИФМИС, кој се уредува со новиот Закон за буџети. Овој систем треба да ја подобри ефикасноста и транспарентноста на операциите на управувањето со јавните финансии преку транзиција од постоечките фрагментирани и исклучени системи на централизирана заедничка платформа базирана на веб. ИФМИС се очекува да ја поддржи измената на правната и институционалната буџетска рамка и да одговори на постојните предизвици преку проширување на опфатот на следење на извршувањето на буџетот и фискалното известување, опфаќајќи ги сите фази од циклусот нарасходите (од набавка до плаќање), како и навремено добивање на консолидирана слика за јавните расходи. ИФМИС ќе овозможи, меѓу другото, воспоставување на повеќегодишна буџетска рамка, воведување на функцијаза управување со јавните инвестиции поврзана со идниотсистем за јавно–приватни инвестиции, автоматизирансистем за надзор над обврските, вклучувајќиповеќегодишни обврски и централизирани податоци запреземените обврски, управувањето со основнитесредства и управувањето со долгот.
Понатаму, неговото интегрирање ќе овозможи сеопфатна и навремена достапност до податоците за јавнитефинансии, што ќе придонесе кон зголемена ефикасност во проeктирањето на ликвидноста и управувањето со финансиските текови во однос на буџетот. Во Собранието изминатата недела беше усвоен закон со кој ќе се оствари соработка со Светската банка за реализација на овој проект.
5. Одржливост
Од почетокот на последната криза, клучниот збор е секако„одржливост“. Одржлива енергија, одржливо земјоделство, одржливи финансии се актулените теми кај носителите наекономските политики. Одржливоста е сплет на паметни и прилагодливи политики кои би дале резултат на подолг период. Оттаму, дискусијата и спроведувањето на овие политики се одислучитечно значење за постигнувањето на посакуваниотзабрзан и одржлив раст. Во рамки на инвестициската агенда, секако го земаме и овој аспект, додека кај финансиите покрајфискалната консолидација, се и развојните буџетски политики и фискалната децентрализација.
Отпорност во криза и забрзан раст потоа
Забрзувањето на економскиот раст секако нема единственаформула, но чекорите кои ги обработувам имаат важна улога вонеговото постигнување. Доследноста на реализацијата наполитиките, исто така е клучна во целокупниот резултат. Важное да се делува, чекор по чекор, а понатаму и да се забрзареализацијата. Тоа е патот до економскиот развој и подобарживотен стандард за сите нас граѓаните.
Конзистентноста, посветеноста и истрајноста се клучни зауспехот. Тоа е слично како и човечкиот организам особенокарактеристично за спортистие. Тие мора постојано да сеподготват за да го одржат организмот во одлична физичкакондиција за да може да го издржи напорот и успешно да јапостигнат целта со подобар резултат! Така и во економијата, постојано работиме на реформи и политики кои ниовозможуваат да го одржиме растот во време на криза и да гозабрзаме истиот на среден и долг рок.