Научниците шпекулираат дека потопувањето на телото во топла вода помага да се регулира температурата, што резултира со подобар сон

За многу луѓе, вечерниот туш се подразбира на крајот на денот. Оваа ноќна навика може да влијае на температурата на вашето тело и квалитетот на сонот.

Температурата на телото игра важна улога во циклусот сон-будење, а човечкото тело природно доживува намалување на базалната температура пред спиење.

Кога ќе стане дел од вашата рутина пред спиење, ноќното туширање може да му помогне на вашиот мозок така што ќе испрати сигнал дека е време за спиење. Ноќното туширање, исто така, гарантира дека ќе си легнете чисти, елиминирајќи ја насобраната пот, нечистотија и телесните масти.

Сè поголем број студии сугерираат дека топол туш или бања пред спиење може да го подобри сонот. Во часовите пред спиење, температурата на телото природно опаѓа, додека температурата на рабовите, кожата на рацете и стапалата, благо се зголемува. Научниците претпоставуваат дека потопувањето на телото во топла вода помага во процесот на регулација на температурата, што резултира со подобар сон. Истражувачите ја нарекоа оваа појава „ефект на топла бања“.

Резултатите од 17 научни студии покажаа дека вечерното туширање или капење во вода со температура помеѓу 40 и 42,5 ° C, го подобрува квалитетот на сонот. Луѓето кои се капат или тушираат еден до два часа пред спиење, исто така побрзо заспиваат. Една неодамнешна студија го потврди истиот ефект кај постарите лица.

Дополнително, температурата на топла бања од 40 до 41 ° C пред спиење може да доведе до намалување на крвниот притисок пред и за време на спиењето, особено кога се прави помалку од еден час пред спиење.