Љубиша НИКОЛОВСКИ

Кога Мицкоски нема аргументи зошто не прифаќа влез на Бугарите во Уставот, тој се повикува на „огромното мнозинство граѓани“, кои наводно, биле против. Во тој пропагандистички дух на „криење“ зад на вољата на граѓаните, се наѕира неспособноста за лидерство и визија за перспективите на државата.

За него политичката реалност во која живее се анкетите што ги прават агенциите, а 1200-те анкетирани испитаници се сите „македонски граѓани“. Но кога сакаш да манипулираш со јавното мислење, тогаш во јавните настапи намерно ги „билдаш“ податоците и правиш каша попара од нив. За успешна дисеминација или ширење на оваа намерно креирана пропагнда од страна на оваа опозициска партија, голема улога има подршката од серија медиуми и новинари кои свесно или несвесно го прават тоа.

На пример во последното ТВ интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, самиот Мицкоски, но уште повеќе со помош на новинарот, креираат наводно „мнозинство“ од над 85 проценти кои се против уставните измени.

Втората најчесто употребувана реченица на раководството на оваа партија како аргумент повеќе за одбивање да гласа за уставните измени е дека тие биле „под бугарски диктат“.

Интересно е да кажат од оваа опозициска, патриотска партија, дали во овие „над 85 проценти македонски граѓани против“ влегуваат и 150 илјади Македонци кои се стекнаа со бугарски пасош и дали станаа Бугари под бугарски диктат? Затоа што за да се здобијат со бугарски пасош морале да коленичат за да се кажат благонадежни Блгари по корен до кој знае кое колено. Дали и тие сега се против „бугарски диктат“ за влез на „другите“ Бугари во Уставот? Значи дали 150 000 тајни Бугари со пасоши се против 3500 јавни Бугари според попис?

Инаку овие „над 85 проценти“ никогаш и во ниедна анкета не биле толку.

Во анкетата на Институтот за политички истражувања, инаку омилен на Мицкоски, вкупно 56,1 проценти од граѓаните сметаат дека не треба да се промени Уставот и во него да се внесат Бугарите и останатите народи за да се продолжи со преговорите со ЕУ.

Кај анкетата на ИРИ пак односот на испитаниците за и против е 50-50. За кантарот да превагне на едната или другата страна најголемо влијание имаат 20 те проценти кои „донекаде“ не одобруваат влез на Бугарите во Уставот.

Кога станува збор за наметнатиот страв дека со преговарачката рамка ќе се загрози македонскиот јазик, од анкетата на ИРИ очигледно е дека македонските граѓани не се баш исплашени од тоа.

Имено 42 процнети се уверени дека македонскиот јазик не е загроозен со процесот на преговори за членството во ЕУ. Ако на нив ги додадете оние 22 проценти кои сметаат дека „само донекаде“ е загрозен јазикот, ќе добиете мнозинство од 66 посто граѓани кои сметаат дека јазикот не е загрозен.

Ако доплнително се направи вивисекција на структурата на анкетираните на кои смета ВМРО, ќе стане јасно дека постарите (повозрасните) наши граѓани над 60 годишна возраст, се против секакви промени во општеството затоа што кај нив низ годините се создале многу повеќе предрасуди одошто кај помладите, кои, пак, се најмногу застапени во анкетите.

Исто така треба да се има предвид дека според социјалната и образовна структура во анкетата на ИРИ на пример (како најтранспарентна) најмногу застапени анкетирани граѓани се со ВМРО-вска политичка позадина.

Потоа најбројни се оние со основно и средно образование или вкупно 73 проценти, додека со високо се само 20 проценти, како и 30% работници и пензионери 25%. Студенти се застапени со само 6%.

Најголем број анкетирани се од приватниот сектор, дури 68%, кој беше најпогоден за време на ковид кризата и економско-енергетската криза. Тоа самото по себе доволно говори какво јавно мнение креираат овие граѓани во општото расположение.

Но, ако и покрај сѐ се земе предвид дека 79% од испитаниците се изјасниле дека се за европска иднина на Македонија, ВМРО-ДПМНЕ допрва ќе тррба да се соочи со вистината на анкетите и на своите рејтинзи.

На крајот на краиштата можеби и ќе победи и тоа ќе биде избор на граѓаните, но е политички нефер да се манипулира со јавното мислење и де се тврди дека тие не биле исти.

Не дека се исти, туку се поисти од некои други, иако сѐ уште не се на власт.

извор Рацин.мк