Во несреќата едно девојче загина, а две се повредени кога камион удрил во нив на тротоар во Ловран, Хрватска.

Лекарите се борат за живот на девојче, пренесуваат хрватските медиуми.

Несреќата се случила во близина на хотелот „Парк“ околу 11:00 часот.

Девојчето загинало кога камион налетал на неа и на уште две лица на тротоарот.

Животот на едно девојче е во опасност, додека третото е полесно повредено.

Во тек е полициска истрага.