„Обидете се попатно да се мотивирате меѓу себе, инспирирајте се. Ако не можете тоа, или немате храброст, или ве пука суета, немате идеи, немате инспирација, па потргнете се, не ги убивајте другите во симболичка смисла речено. Има СДСМ вредни луѓе за почит“ пишува аналитичарот Ненад Јовановиќ на социјалните мрежи.
Тој додаде дека во моменти кога политичките противници имаат 2/3 мнозинство, не треба да му се прават „скопски“ сплетки на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
„Погледајте ги, на пример, Камала и Обама со своите ‘комплицирани идентитети’ како синоќа се мотивираа, со колкава страст зборуваа еден за друг, со колкава волја зборуваа за еден подобар и похуман свет. Иако и тамо бројките не им одат во корист“ пишува Јовановиќ.
Тој повика да му се помогне, да се инспирира и поттикне Филипче, бидејќи е срамота после се што поминале заедно.