Парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за извршување, со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг на кредитот, тука застанува.

Даночниот експерт Павле Гацов за Фронтлајн вели дека со последните законски измени е уредено дека финансиско друштво не смее да склучи договор за потрошувачки кредит според кој вкупните трошоци по кредитот надминуваат 60% од износот на одобрениот кредит.

„Ваквото лимитирање на трошоците на кредитот ги штити должниците од превисоките скриени трошоци што им ги наплатуваат финансиските друштва. Сепак и новото законско лимитирање според кое за земен кредит од 100 единици, должникот треба да врати најмногу 160 единици, не го прави посебно атрактивно појзајмувањето од овие субјекти, особено затоа што се работи за краткорочни, односно потрошувачки кредити. Мерката ќе ја лимитира профитабилноста во работењето на финансиските друштва, но нема да го загрози нивниот опстанок на пазарот. Се чини дека вакви мерки на законско лимитирање на каматни и трговски маргини е потребно да се донесат и за некои други дејности чија профитабилност руши рекорди, осносно што е пологично, државата да обезбеди механизми за збогатување на конкуренцијата на страната на понуудата и да го оневозможи олигополското здружување, односно однесување на некои деловните субјекти заради силно и заедничко профитно позиционирање на пазарот“, изјави Гацов.

ИЗМЕНИТЕ ПРЕДИЗВИКАА ПОЗИТИВЕН ЕФЕКТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ (ДОЛЖНИЦИТЕ)
Од друга страна адвокатот Јасмин Калач вели дека овие измени предизвикаа позитивен ефект кај граѓаните (должниците), но постојат недоумици кои треба да се истакнат.

„Факт и неспорно е дека во минатото сме имале ситуации на легални злоупотреби со тоа што од страна на доверителите намерно се чекале по девет години и 11 месеци (со оглед на фактот дека застареноста за извршување беше 10 години) од правосилност на одлука за да се започне со постапка за извршување на одреден долг, при што во вакви случаеви каматите достигнувале вртоглави суми. Законодавецот сега требал и можел тука да интервенира и да определи дека (како мој предлог) Барање за извршување на определен долг заснован на судска одлука може да се поднесе во рок од 6 месеци од правосилноста на одлуката, со тоа што ваквиот тип на законски дозволени манипуплации кои се јавуваа во минатото лесно би се отстраниле, вели Калач за Фронтлајн.

Оправданоста на законодавецот за ваквите решенија, додава тој, е да се намали злоупотребата на правата, намалување од алтернативна можност за заработување од камати, и стимулирање на доверителите за поефикасна и побрза реакција, што е сосема во ред.

„Но, со вака утврдената измена, на некој начин казнената камата ја губи својата функција и сметам дека ќе предизвика негативни финансиски импликации, со што несовесните трговци, поединци и граѓани ќе бидат дополнително поттикнати да не ги плаќаат своите долгови, наспроти оние што тоа навреме го подмирувале. Вака промениот рок, може да предизвика негативни финансиски последици, бидејќи голем дел од неплатените побарувања ќе треба да се отпишат, а дополнително на тоа, доверителите освен што ќе ги отпишат побарувањата, ќе бидат оптоварени со дополнителни извршни трошоци настанати во постапките за извршување“, нагласува Јасмин Калач.

Според него, со запирање на постапките извршителите ќе ги наплаќаат своите долгови од доверителите наместо од должниците.

„Мора да истакнеме дека постојат фирми кои како Доверители ефикасно, етички и брзо превземаат мерки за наплата на своите ненаплатени побарувања, но во пракса при таквото спроведување на извршувањата, истите остануваат без успех. Конкретно, доверителите-фирми, кога имаат ненаплатени побарувања (доспеани фактури) истите доставуваат опомени до должниците за доспеани фактури, се со цел во интерес на добрата деловна соработка и брз креирање на трошоци. Голем дел од правните субјекти или физичките лица кои должат – не го плаќаат долгот ниту во зададениот рок со опомената. Понатаму, доколку доверителите-фирми ги утужат, голем дел од должниците-фирми приговараат, па судската постапка трае по неколку години, а во меѓувреме правниот сбјект – должникот оди во стечај или пак централниот регистар му го брише субјекот по истекот на 3 години поради неподнесување на завршни годишни сметки, и доверителите не можат никако да ги наплатат своите побарувања“, нагласи тој.

Исто така, подвлече адвокатот, голем број на физички лица работат во странство (многу често и со пасош од една соседна земја), таму примаат плата, плаќаат даноци таму, а тука должат и нашите извршители немаат законска можност да им наплатат долг од тие пари, при што повторно доверителите не можат да ги наплатат своите побарувања.

„Излегува дека преку овие измени, сите кои ,,намерно,, должат ќе мора да добијат Решенија за прекин на извршувањето (доколку важи ретроактивно). Дури и определен долг да се наплати од страна на доверителите, доколку ја земеме во предвид инфлацијата и економската криза, произлегува дека должникот повторно бил во поволна положба. Сите кои живеат на туѓ грб ќе се ослободат од долговите и ќе се смеат дека ги измамиле доверителите. Ова е класична законска злоупотреба на правниот систем од страна на должниците. Како и доверителите, така и должниците ,,ги користат,, сите правни празнини во законите се со цел да ги искористат во своја полза. Од тие причини во правниот систем фигурира и Законот за финансиска дисциплина. Потребно е надлежните инспектори во пракса поефикасно да ги контролираат субјектите и да постапуваат поефикасно при неговото спроведување“, подвлекува адвокатот.

СДСМ
СДСМ
ПРАТЕНИЦИТЕ ОД ВМРО ДПМНЕ – ПРОТИВ ПРИДОБИВКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Од владејачката СДСМ изјавија дека со драстично намалување на трошоците за брзи кредит, се прекинува „должничкото ропство“.

„Пратениците од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ги усвои законските измени со кои драстично се намалуваат вкупните трошоци за брзите кредити. Со усвоените измени на Законот за финансиски друштва вкупните трошоци на земен т.н. брз кредит не може да бидат поголеми од 60% од кредитот. Со ова ја прекинуваме праксата со која за брз кредит од 10.000 денари граѓаните досега враќаа и по 70.000 денари. Ниту за овие закони не гласаа пратениците од ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

целиот текст на Фронтлине

Дестан Јонузи / Фронтлине.мк