Исламска држава ја презеде одговорноста за масовното пукање и ужасниот напад во Москва.

Од Исламската држава се огласија преку нивниот канал Телеграм каде ја презедоа одговорноста за нападот во кој загинаа најмалку 40 лица.

– Борците на Исламската држава нападнаа голем собир во предградијата на руската престолнина Москва – соопшти ИСИЛ на Телеграм.

Како што пренесуваат светските медиуми, ИСИЛ тврди дека напаѓачите кои го извршија нападот во концертната сала во Москва успеале да побегнат.

Претходно руските власти и руските медиуми објавија дека загинале најмалку 40 лица, додека повеќе од 100 се ранети.

Руските власти претходно пукањето во концертната сала Крокус во близина на Москва го окарактеризираа како терористички напад.

Во меѓувреме беше објавен и идентитетот на 31 жртва:

Селдева Олга и Алина, Бирјуков Владимир Вадимович (42), Денисов Андреј Михајлович (34), Немалцев Илја (42), Ујутова Валерија Валериевна (31), Агапова Марија Јуриевна (52), Алимбеков Мирланбек Алимбекович (28), Лешин Илја (Анатолје 50) Нажмудин Саидбекович (33), Прасулова Ина Хусеиновна (41), Голубев Роман Јуриевич (47), Пустотин Павел Александрович (24), Захарова Јулија Рустамовна (33), Бедрик Оксана Владимировна, Елена Дмитриевна (мајка), Јуриевнали ќерка), Заицева Татјана Сергеевна (34), Смолјакова Ана Владимировна (41), Стебенкова Дијана Александровна (47), Макарскаја Ана Александровна (41), Татјана Александровна и Илја Т. (8 години).