Летото е идеална мотивација да го доведеме нашето тело во рамнотежа и да ги отстраниме непотребните маснотии околу стомакот.

Овој напиток е одличен за чистење на токсините од телото и за топење на масните наслаги.

Сè што ви е потребно за да го подготвите овој напиток се две многу познати состојки.

Зошто јаболко и лимон?
Јаболкото и лимонот имаат бројни придобивки кои влијаат на нашето здравје, како и на процесот на слабеење.
Јаболката содржат голема количина на влакна. Влакната го забавуваат варењето и даваат чувство на ситост.

Исто така, јаболкото има низок гликемиски индекс, што значи дека нема да ви го зголеми шеќерот во крвта. Тие се исто така познати како природен извор на пектин, растворливи влакна што ја движат храната низ вашиот дигестивен систем.

Лимонот е одличен за детоксикација на телото, помага при излачување на течности и отстранување на целулитот. Познат е и како нискокалорична храна која ќе ја забави апсорпцијата на мастите во вашето тело. Има висока содржина на витамин Ц кој ќе го зајакне вашиот имунолошки систем.

Овој пијалок е одличен избор доколку не сакате да пиете само обична вода. Зачинете ја водата со овие моќни намирници и останете здрави и хидрирани.

Рецепт за подготовка

Состојки:

3 лимони

4 јаболка

1,5-2 литри вода

Подготовка:
Во тенџере со вода ставете 2 лимони и 3 јаболка исечкани на прстени. Оставете се да зоврие заедно. За тоа време, на дното на бокалот ставете 1 лимон и 1 јаболко исечкани на прстени. Кога смесата во тенџерето ќе зоврие, извадете го овошјето на чинија и истурете ја водата во бокал. Оставете да се излади и потоа консумирајте.