Интервју на „Фронтлајн“ со Добрила Грашеска: Чалгијата ме носи низ океанот од убавина

За нас, Македонците, чалгијата е нешто толку природно, толку живо и секојдневно што е чудно како некој да не знае за неа и да не се поистовети и да си запее или засвири.

Добрила Грашеска не е обична вокалистка. Нејзиниот глас, иако се фокусира на чалгијата и традиционалната македонска музика, е сепак, уникатен и е сосема различен од сѐ она што во оваа сфера сме имале можност да слушаме и во минатото – нашето наследство што предците ни го оставиле. Карактеристично е, што Грашеска е посветена не само на начинот на интерпретација, туку таа се внесува во оваа приказна со целото свое битие, разложувајќи го и теоретски, до срж, духовното звучно азно. Со составот „Чалгија саунд систем“, настапуваат оваа сабота (9 март) во „Јавна Соба“ (21ч.), во кој членуваат и Александра Кузман на виолина, Дориан Јовановиќ на ут, Бошко Мангаровски на канон и Филип Крстевски на перкусии. Иако ги има милион, но ова е повод за разговор со Добрила Грашеска со која начнавме и други мошне интересни теми.

Целото интервју прочитајте го на Frontline.mk (ЛИНК)