Од тешките повреди во болницата починало и момче на 20 годишна возраст, по тешката сообраќајка која што се случила нешто по 13 часот на патниот правец Ресен – Охрид во близина на месноста “Макази”, каде на лице место загина 52 годишник од Битола, а повеќемина беа повредени.

Во несреќата учествувале две возила, едното со странски таблички, а другото со охридски.

Од тешките повреди во болницата починало и момчето на 20 годишна возраст кое според информациите било во возилото со охридски таблици.

Сообраќајот беше блокиран речиси два часа, а поради големите гужви едвај можеше да се искористи трасата на стариот пат кој води од Ресен кон Ѓавато.

Повеќе детали од МВР се очекуваат за утре.