Вработени во фирма од Бања Лука минатата недела биле шокирани кога во нивната канцеларија ненадејно се појавил непоканет гостин – змија.

Како што објавија медиумите змијата излегла буквално од штекер а глетката не е воопшто пријатна.

При подоцнежното истребување внатре во зградата било пронајдено гнездо од змии.

Инаку, благата зима и невообичаено високите температури за овој период од годината ги привлекоа змиите кои најчесто излегуваа од нивните зимски скривалишта од втората половина на април до почетокот на мај.

Во потрага по храна, овие животни често се среќаваат со луѓе.

Сè повеќе луѓе во последните денови гледаат змии на ливади, полиња и патишта.