На 28.09.2024 во 23 часот полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода лице (28) од Тетово, поради основано сомнение дека сторил кривично дело обид за убиство, соопшти МВР.

Имено, тој на 27.09.2024 бил пријавен од малолетник од Тетово дека претходно, на 26.09.2024 околу 22 часот во работилница во Тетово со остар предмет го нападнал и му нанел тешки телесни повреди. МВР соопшти дека осомничениот е задржан во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.