Екипите на електродистрибуција покажаа голема хуманост кога навреме забележаа и спасија заглавено маче на терен. Со нивната брза реакција, малото животно е безбедно и згрижено, а овој гест предизвика многу позитивни реакции кај граѓаните.

„Нашата одговорност не е само стабилното снабдување со електрична енергија, туку и грижата за сите во заедницата – па и за нашите крзнени пријатели.

Постапувајќи брзо, внимателно и со целосно почитување на безбедносните процедури, нашиот колега Николче од КЕЦ Битола покажа извонреден професионализам и хуманост за време на интервенцијата, при која спаси маче заплеткано во проводниците од електродистрибутивната мрежа.“ – стои во постот на Фејсбук страницата на Електродистрибуција.