Граѓанските обврзници кои Владата ги предлага ќе прибавуваат дополнителни извори на одржливо финансирање, истовремено ќе придонесуваат за разработка на внатрешниот пазар. Додека општинските обврзници што ги предлага опозицијата се ризични во делот на институционалниот капацитет, велат економските експерти за „Фронтлајн“.

Економскиот експерт, академик Абдулменаф Беџети во изјава за „Фронтлајн“ вели дека со граѓанските обврзници освен што ќе се прибавуваат дополнителни извори на одржливо финансирање, истовремено ќе придонесуваат на разработка на внатрешниот пазар.

– Освен што ќе можаат да прибавуваат дополнителни извори на одржливо финансирање, истовремено ќе придонесуваат во разработка и развој на внатрешнатиот пазар на капитал, но и општествената придобивка во делот на финансиската едукација на граѓаните. Доколку бидат и наменски, на пример „зелени обврзници“ ќе придонесуваат, покрај наведеното и во зголемунавање на еколошката свест на граѓаните која што ни е повеќе од потребна, вели Беџети за „Фронтлајн“.

Додека, за општинските обврзници, што ги предлага опозицијата, Беџети вели дека треба да се пази во делот на институционалниот капацитет.

– Треба да се пази во институционалниот капацитет, како и во нивната фискална ликвидност, бидејќи со законот за финансирање на општините има стриктни критериуми за исполнување, нагласува Беџети.

За даночниот експерт Павле Гацов само строго наменско (проектно) користење на прибраните средства може да биде добар економски мотив за реализорање на овие обврзници. Во спротивно, според него, ќе се претвори во стандардна форма на користење на долг за реализација на политички агенди.

– Потребен е јавен проспект со сите детали за обврзницата, заедно со каматата, провизиите, отплатата и најважното со сите детали за наменското трошење на прибраните стедства. Засега никаков јавен проспект не е објавен, потенцира Гацов.

Во текот на наредниот месец државата ќе ги издаде првите обврзници наменети за граѓаните. Се прават последните подготовки за издавање на овој финансиски инструмент на кој се работи веќе две години. Граѓанската обврзница ќе биде двегодишна, на минимален износ од 10.000 денари, а каматната стапка ќе биде дефинирана дополнително. Ова го соопштија од министерството за финансии.

Инаку, целта на издавањето граѓанска обврзница не е ликвидност на Буџетот. Издавањето на оваа обврзница, заедно со развојната, зелената и проектната обврзница е предвидено уште со Планот за забрзан раст, а граѓанската обврзница е предвидена и во Буџетот за 2023 година, односно нејзиното издавање е дел од предвиденото годинашно задолжување на домашниот пазар и таа нема да го зголеми дефицитот и јавниот долг.

Дестан Јонузи
извор Фронтлајн.мк