ПРИЕМ НА АМБАСАДОРКАТА НА ИЗРАЕЛ
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски денеска оствари средба со амбасадорката на Израел, Вивиен Аисен.
Соговорниците ги потврдија одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји, а градоначалникот на Битола ја запозна амбасадорорката со личната карта на Битола, нејзината историска, културна и економска важност за земјата и можностите за взаемна соработка.
Посебен акцент беше ставен на развојот на туризмот и продолжување на комуникацијата со израелскиот град Бат Јам.
Коњановски и Аисен зборуваа и за историјата на Еврејската заедница во Битола.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
