На 27.12.2025 во 21:17 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Интернационални бригади“ во Скопје настанал пожар на патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице.
Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
