Гордо нанапред накај идентитетски Брисел или понизно наназад накај негаторска Софија
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Не, нема два концепта за Македонија за сега и за утре како што тврдат некои претседателски кандидатки и кандидати, просто нема, има само еден, дека имало и друг, и трет е чиста лага, манипулација која се граничи со предавство на државата, на Македонецот и Македонија, зашто ниту рамка ќе можат да сменат ниту бутур, а историско политичките шакали и на оваа актуелна Софија само демнат некој тоа да го стори, да чепне по ЕУ рамката, да врати се’ рикверц па да не отфикари скроз од ЕУ, онака скроз зашто ако патот не е накај заедничката бриселска маса тогаш е назад на билатерлната софиска, а зошто, таман нели се измкнавме, зошто пак натаму не’ туркаат, тоа само тие си знаат, си знаат кандидатките Гордна и Билјана и кандидатите Максим и Стевчо, само тие си знаат во што им е вицот, а ваму нели патриоти, па ете и зошто и ете и затоа на 24-ти па и на 8-ми масовно да решиме и како Македонија и како Македонци кој уџум ќе го фаќаме, гордо нанапред накај идентитетскиот Брисел или понизно наназад накај негаторската Софија.
Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Извор: Civilmedia.mk