Двегодишното момче починало во болницата Гемели во Рим, каде со хеликоптер е префрлено во многу тешка состојба.

Според италијанските медиуми, момчето било префрлено во болницата во Монтеротондо со црвена шифра и со срцев удар откако проголтал дел од играчката.

Полицијата го истражува случајот, а обвинителството отвори истрага со хипотеза за кривично дело убиство од небрежност против непознати лица.

И главниот обвинител на Тиволи, Франческо Мендито, нареди истрага за потеклото и видот на играчката што детето ја проголтало во својот дом во Монтеротондо.

Од болницата „Гемели“ соопштија дека детето дошло од болницата во Монтеротондо веќе мозочно мртво по повеќе од еден час кардиопулмонална реанимација.

Родителите дале согласност за отстранувањето на органите, кое било направено синоќа.