На 13 декември 2025 година во Скопје, на повеќе различни локации, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 14 лица и еден малолетник.

Станува збор за лица на возраст од 17 до 45 години, при што најголемиот дел се од Скопје, едно лице е од село Кондово, скопско, а едно лице е државјанин на Србија.

При извршените полициски дејствија, кај приведените лица биле пронајдени и одземени различни видови наркотични материи, и тоа:
бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, како и таблети.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.