Многупати сме свесни дека одредени намирници не се најдобриот избор за нашето здравје, но понекогаш едноставно не можеме да им одолееме.

Медицинската платформа Хелшотс состави листа на десетте најнездрави намирници кои ги консумираме секој ден. Ова предупредување има за цел да ја подигне свеста за потенцијално опасните избори на храна кои можат да им наштетат на крвните садови, крвниот притисок, шеќерот во крвта и општото здравје.

На десеттото место се „инстант“ тестенините, често полни со натриум и мононатриум глутамат. Следни се месните производи, кои се поврзани со ризикот од рак на дебелото црево. Крофните го заземаат осмото место поради нивната висока содржина на транс масти и рафинирани јаглехидрати. Конзервираните супи, иако практични, често се полни со сол, додека маргаринот, на шестото место, содржи штетни транс-масти.

На половина од листата се чипсот, храната пржена на висока температура со висока содржина на сол, масти и без хранливи материи. Следен е алкохолот, кој може да предизвика сериозни здравствени проблеми како што е цироза на црниот дроб и оштетување на ткивото. Рафинираните јаглехидрати го заземаат третото место, а газираните пијалоци се на второ место, со големи количини додаден шеќер.

На прво место е шеќерот, означен како една од најголемите причинители за дијабетес, дебелина и други здравствени проблеми. Експертите ја нагласуваат важноста на умереноста во конзумирањето шеќер со цел да го одржиме нашето здравје.

Оваа листа дава корисни упатства за тоа како да препознаете и избегнувате потенцијално опасна храна и да го води изборот на храна кон поздрави опции.