Полицијата објави дека вчера полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода тројца млади, двајца 21 годишници и еден 25 годишник сите од едно неготинско село.
Тие биле забележани како на воениот полигон Криволак со моторна пила сечеле дрва.
Притоа, двајца побегнале, а едниот бил фатен и од него биле одземени дрвата и моторна пила, по што бил приведен во полициска станица. Набргу, по преземени мерки, биле пронајдени и приведени другите двајца, велат од МВР.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
