Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека општинските служби активно работат на санација на пешачката патека што води од хотел „Best Western“ на улица „Македонија“ до Министерството за финансии. Оваа интервенција е на барање на жителите кои живеат во околните згради.

„Со санацијата на оваа пешачка патека не само што им излегуваме во пресрет на барањата на граѓаните, туку овозможуваме и полесен пристап, подобра проодност и поголема безбедност за пешаците. Центар треба да биде урбано, функционално и удобно место за живеење, а токму тоа и го правиме секојдневно. Досега, реконструиравме 20 улици на територија на општината со фокус на безбедноста, пристапноста и урбаното уредување“, вели Герасимовски.