Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека Општина Центар е првата општина којашто има подготвено и објавено Граѓански буџет за 2025 година, а по овој урнек се водат и другите општини од државата. За прв подготвен и објавен буџет, Герасимовски доби пофалби од УСАИД на средбата кадешто се дискутираше за сработеното и се анализираа резултатите од 18 месечната соработка.
Во изминатиот период работевме многу за зајакнување на капацитетите на општинската администрација. Со УСАИД имплементиравме важни проекти со што го подигнавме квалитетот на работа. Граѓанскиот буџет е еден од тие проекти во кои целосно ги вклучивме граѓаните во креирање на буџетот и ја зголемивме транспарентноста и отченоста”, вели Герасимовски.
Граѓанскиот буџет е објавен на официјалната веб-страница на општината. Подготвен е во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа.
Линк до Граѓанскиот буџет за 2025 година: https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/%D0%93%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82-2025-%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-1.pdf