СДСМ денеска повторно повика на неселективна истрага за трагедијата што случи во Кочани, а во која 59 млади лица го загубија животот. Директорот на Центарот за истражување и анализа на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека од тоа што досега се случува со текот на истрагата и за што партијата има информации, истрагата се води селективно и насочена само кон поранешни функционери и службеници.
Како што кажа Фрчкоски, тоа се потврдува со фактот дека во однос надлежостите на Државниот пазарен иснпекторат, во досегашната истрага се опфатени само двајца поранешни директори на ДПИ, но не и актуелниот дитректор.

„Досега, може да заклучиме дека целосно се игнорираат тие кои биле на функции токму во времето кога се случила трагедијата во Кочани. Според јавно достапните информации, двајца поранешни директори на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се опфатени со истрагата поради наводно непостапување. Логично се наметнува прашањето зошто актуелниот директор на ДПИ, Влатко Стојкоски не е опфатен со истрагата?“, рече Фрчкоски.

Спотред Фрчкоски, ако се познати надлежностите на ДПИ, тогаш актуелниот директор на ДПИ, носи дури и поголема одговорност за надзорот врз објектот „Пулс“ во период пред и за време на кривично-правниот настан

„Државниот пазарен инспекторат има надлежност да врши надзор над примената на законите, а има и законска обврска да одреди и забрана за работа од 30 дена доколку не се исполнети законските услови.Дали сето ова било спроведено во мандатот на актуелниот директор на ДПИ? Дали постоеле сознанија за прекршувања на законите? Или некој свесно не постапил?Ова се легитимни прашања на кои истрагата треба да даде одговор“, изјави Фрчкоски.

Од СДСМ се децидни дека јавноста има право да знае зошто, ако се гонат поранешни директори на ДПИ, актуелниот директор е се уште амнестиран, иако ја носи директната надлежност во критичниот период.