Како што соопшти полицијата вчера во 14.30 часот во близина на селото Танушевци, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци пресретнале возило комби со косовски национални ознаки, кое се движело кон границата со Kосово. Притоа, откако ги забележале полициските службеници, две лица го оставиле комбето и побегнале кон границата со Косово, објави полицијата.

При преглед во возилото биле пронајдени 180 пакети со по 11 килограми прехранбени производи, кои биле без соодветна документација.

Полицијата соопшти дека ввозилото со производите било одземено и предадено за понатамошна постапка.

Неофицијално комбито било полно со замрзнати копани.

За ова излезе со информација и Агенцијата за Храна и Ветеринарство (АХВ) која соопшти дека вчера, по спроведен вонреден инспекциски надзор, наредија нештетно уништување на 1980 килограми небезбедно замрзнато пилешко месо по потекло од Полска кое било транспортирано во возило кое го запленило МВР.

Според информациците на АХВ мессото било спакувано во 180 пакети по 11 килограми и во моментот на контрола било во фаза на отопување.

АХВ информира дека небезбедното месо се транспортирало во несоодветни услови, односно без потребен температурен режим за замрзнато месо (минус 18 степени Целзиусови) и без никаква документација за потеклото – ветеринарно здравствен сертификат, комерцијален документ и други потребни документи за гарантирање на безбедноста на производот.