Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска на прес конференција ги објави извештаите за Клиниката за онкологија и биолошката терапија.
,,Верувам дека сите добро се сеќавате на овој случај и на анкетната комисија која тогаш ја побара ВМРО-ДПМНЕ, а ја водеше Рашела Мизрахи.
Мизрахи, од тогаш па до денес, тврди дека јас имам одговорност во случајот. Да ја потсетам јавноста, обвинувањето е дека како министер за здравство, сум бил одговорен да осигурам дека Клиниката за Онкологија доставува редовни шест месечни извештаи за работењето и извештаи од работата на стручните комисии. Мизрахи тврди дека такви извештаи немало и ова го повторува во јавноста со месеци водејќи брутална негативна кампања против мене обивнувајќи ме, иако од самиот почеток тврдев дека одговорност кај мене не постои.” рече Филипче.
Филипче потоа ги прикажа документите.
,,Благодарение на чесни и искрени луѓе, кои знаат што се сум направил за пациентите како министер, до мене беа доставија извештаите. Јас постојано бев убеден дека такви извештаи имаше и конечно тоа се докажува. Еве ги сите извештаи уредно пополнети и заверени согласно процедурите. Овие извештаи биле редовно изработувани и најважно биле дел од документите од министерството” рече тој.
Филипче кажа дека документите ги доставил до надлежните институции и ги повика
Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити да одговорат како и зошто овие извештаи биле криени.
,,Очекувам итно да излезат и да се извинат на целата македонска јавност Рашела Мизрахи и ВМРО-ДПМНЕ што ја донесоа јавноста во заблуда и го оцрнија моето име. Очекувам обвинителството во најкус рок да излезе со став за целиот случај и да се истражи кој се е дел од овој скандал” рече Филипче.