Според претседателот на СДСМ Венко Филипче, владејачкото мнозинство не дозволува јавна дебата во парламентот.

– Даваме предлог закон за минимална плата, се одбива. Даваме предлог за зголемување на платите во приватниот сектор со замрзнување на придонесите, се одбива, не можеме да го дебатираме, рече Филипче.

-Даваме предлог да се намали ДДВ-то на струјата од 18 на 5 проценти, на храната од 5 на нула проценти. Не може дебата да има, додаде претседателот на СДСМ.