Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција упати сериозни предупредувања за мигрантскиот план што, како што рече, власта на Христијан Мицкоски веќе го има договорено зад грбот на граѓаните.
„Мицкоски вчера изговори дека додека тој има мандат како премиер, нема да има шатори за мигрантите. Што може да значи само една од двете работи. Прво, дека се планираат избори и мисли на втор мандат после изборите. И второ, мисли на тоа дека во суштина нема да има шатори, но ќе има социјални станови. Но прочитани се, им ги знаеме сите чекори однапред“, истакна Филипче денеска.
Претседателот на СДСМ исто така нагласи дека ваквите игри се одамна прочитани и дека СДСМ одлично ги познава чекорите на власта.
„Сите релевантни медиуми, британски и светски, објавија дека постои договор за Македонија да прима мигранти. Британските медиуми објавија дека според тој договор, Британија треба да исплаќа на Македонија по 20.000 фунти по мигрант“, рече Филипче.
Притоа тој се повика на информациите од медиумите во Британија кои дојдоа до македонските граѓаните дека за мигрантите ќе има вработувања и постојано домување.
„Се споменуваат и вработување, постојано домување, сместувања во згради и така натаму. Што значи дека тоа е само еден чекор до пасоши“, посочи Филипче напоменувајќи дека ова е трговија со иднината на државата.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
