Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека почна да чука новото срце во градите на 39- годишната жена, откако беше успешно извршена третата трансплатација на срце во Македонија.

„Почна да чука новото срце во градите на 39 годишната жена на која утрово и беше извршена трансплантација. Тешката операција траеше 5 часа. На пациентката и посакувам побрзо опоравување“ напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.