Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција објави извештаи за клиниката на онкологија за кои ВМРО ДПМНЕ велеше дека не постојат.
Тој прстот го впери кон тогашната претседателка на собраниската комисија Рашела Мизрахи и екс министерот за здравство Фатмир Меџити.
,,Е сега треба да одговорат и Рашела Мизрахи и тогашниот министер за здравство Фатмир Меџити прво, како и зошто овие извештаи биле криени?
Дали е точно дека на барање на истражните органи, кои водат постапка за овој случај, овие извештаи не им биле доставени?
Ги прашувм директно дали намерно се криеле за да можат да ме вовлечат и обвинат во скандалот?
Ова, почитувани граѓани, е скандал без преседан!
Откако овие извештаи беа доставени до мене јас одма ги проследив во обвинителството. Очекувам соодветно да бидат земени и анализирани во рамки на истрагата. Очекувам исто така да биде покрената истрага за тоа како и зошто досега овие извештаи биле криени” порача Филипче.
Филипче побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ и ги повика надлежните институции да постапат.