Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го назначи Ѓорѓи Галетановски за нов Претседател на Градската организација на СДСМ Скопје.

– Ѓорѓи е млад и амбициозен човек, со свежи идеи и желба за работа, со успешен професионален ангажман зад себе. Веруваме дека ќе донесе нова енергија во работата и функционирањето на Градската организација на СДСМ, објави партијата.