Времето утре ќе биде променливо облачно во западните делови од наутро со повремен дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата, а ќе бидат пообилни во западните и северозападните делови, а ќе продолжат и преку ноќта . Ќе дува засилен до силен јужен ветер (наместа над 70 km/h).

Во Скопје, променливо облачно од пладневните часови со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и преку ноќта. Ќе дува повремено засилен јужен ветер.