Еве како да се ослободите од овие тегоби со само една лажичка сода бикарбона…

Сигурно барем еднаш во животот сте почувствувале чувство на печење при мокрење или тежина и притисок во мочниот меур. Кога ќе се појават овие симптоми, обично се работи за уринарна инфекција.

Тоа е многу чест проблем кој се јавува кога микроорганизмите кои вообичаено живеат во урогениталниот тракт и цревата ќе стигнат до мочниот меур. Повеќе од 90% од сите инфекции на уринарниот тракт се предизвикани од бактеријата ешерихија коли, која природно се наоѓа во вашите црева.

Инфекциите на уринарниот тракт многу почесто ги погодуваат жените, а за тоа има и анатомско објаснување. Несаканите бактерии полесно влегуваат во женскиот мочен меур поради многу пократката уретра. Инфекцијата најчесто се јавува кај девојчиња кои штотуку започнале сексуални односи и кај жени во менопауза.

Симптомите на уринарна инфекција вклучуваат чувство на притисок во мочниот меур, печење при мокрење, заматена урина и крв во урината, треска и болка во долниот дел на стомакот.

Ако ги имате овие симптоми, започнете со лекување што е можно поскоро, бидејќи премногу одложување може да предизвика бактериите да стигнат до бубрезите и да предизвикаат повеќе компликации.

Сода бикарбоната е вистинска суперхрана која има алкални својства, што значи дека ја неутрализира киселоста на урината, а со тоа помага при бактериски инфекции на уринарниот тракт.

Во 2,5 dl вода додадете 1 лажичка сода бикарбона и убаво измешајте. Испијте ја целата чаша. Најдобро е да го пиете прво наутро.

Не користете сода бикарбона континуирано повеќе од една недела. Неговата употреба не се препорачува за оние кои мораат да внимаваат на внесот на сол бидејќи оваа храна содржи многу натриум.