Економистите Бранимир Јовановиќ, Ванчо Узунов и Синиша Пекевски се едногласни во критиките кон владата за лошото управување со економијата и отсуството на структурни реформи. Според нив, намалените прогнози за економскиот раст на Македонија од Светска банка и ММФ се очекувани, но поголемиот проблем лежи во внатрешните фактори кои Владата не успева да ги реши.
Јовановиќ ја критикува Владата за недостигот на јасна визија за економски развој и фокусирањето на краткорочни мерки како заемите од Унгарија. „Задолжувањето не може да биде главната економска стратегија,“ вели Јовановиќ, барајќи итни реформи и капитални инвестиции.
Узунов, пак, ја истакнува потребата од структурни реформи и странски инвестиции, критикувајќи го Владата за тоа што се занимава со краткорочни мерки како покачувањето на пензиите. „Потребни се иновации и развој на производи со додадена вредност, а не само кадровски промени и дневно-политички потези,“ вели Узунов.
Пекевски фокусот го става на високата корупција и лошите економски политики, обвинувајќи ја Владата за зголемување на јавниот долг преку неефикасни проекти, како што е „Бехтел и ЕНКА“. „Корупцијата и недостатокот на волја за промени ја уништуваат економијата,“ нагласува Пекевски.