Сепак, примарната идеја за овој национализам, која што настанала како резултат на  конструктивните и добронамерни побуди на човекот, се расчленила во две насоки.

Првата насока е онаа, според која национализмот е претставен како нужен чекор кон градење на космополитско општество ( во науката познат како цивилен национализам), во  кое уште повеќе се нагласува еднаквоста на сите граѓани, независно од културолошката, верската, етничката, јазичната припадност, а граѓаните се правно поврзани во еден правен систем (државјанство), при што името на нацијата е идентично со името на државата.

Таквиот национализам е составен дел на повеќето модерни,  либерални општества, а општествените вредности во тој дух се заштитени со општествен договор (устав).

Според втората насока, национализмот се јавува како форма на колективна (национална) свест, во чиј концепт се истакнуваат разликите помеѓу нациите, при што, секогаш една нација се претставува како супериорна во однос на останатите, со манифестирање на предрасуди, постојано омаловажување и обезвреднување на културните обележја и карактеристики на другите нации.

Национализмот го поттикнува и настојувањето да се покаже себичен, агресивен и нетолерантен однос на една нација, кон економските, социјалните, културните и политичките интереси на другите нации, со нивно исклучување или елиминирање, заради  реализирање на сопствените интереси.

ЕКСТРЕМЕН НАЦИОНАЛИЗАМ

Најдрастична форма на национализам е онаа, во која се настојува кон едноставна физичка ликвидација или потполно поробување на другите етноси, оспорување на нивните права, националната самобитност и државност,  било во рамките на постојната повеќенационална заедница или надвор од неа. Генерално, национализмот се врзува за различни идеологии, почнувајќи од либералните преку социјалистичките до фашистичките.

Денес национализмот се користи  како орудие, од страна на оние кои го експлоатираат за свои егоистични  цели, што доведува до разединување во рамките на самото  општество и  создавање на меѓусебна нетрпеливост.

Национализмот како феномен во себе содржи елементи на дискриминација, непочитување на човековите права, слобода, еднаквост и демократија.

Во Општата декларација за човековите права на Обединетите нации, во членот 1 се вели:

„Сите човечки суштества се раѓаат слободни  и еднакви, со достоинство и права. Тие се надарени со разум и свест, така што едни спрема други треба да се однесуваат во духот на братство“.

Национализмот е зло. Борбата против тоа зло е граѓанска должност и обврска на сите без исклучок.  Секој треба да влијае врз преземањето мерки, против оние кои на општественото битие му нанесуваат зло и му штетат на развтокот, здравјето, угледот и идеалот за човековите права, бидејќи тие зрачат со енергија која има негативен набој, претставуваат отворена закана која води до општествено-политичка декаденција, религиска и демократска некомпатибилноет, општо-човечка, етичка, морална и социолошка одвратност и културолошка одбивност. (Наташа Малинка Миновска, 8 август, 2021, Зелена читанка, Скопје 2022)


Повеќе информации:

Визии за зелена иднина

Извор: Civilmedia.mk