На 24.03.2026 во 13:30 часот на ул.„Вoн Вардарска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба,привеле маж(45) од с.Прељубиште за издржување казна затвор за сторено кривично дело по член 300 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 24.03.2026 во 12:00 часот во с.Боговиње, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на судска наредба, го привеле маж(30) од с.Боговиње за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 235 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
