Двајцата пациенти кај кои беше извршена трансплантација на органи од починат донор се во добра општа состојба,овие денови за нив се грижеа медицинските тимови на Клиниките за нефрологија, урологија и КАРИЛ.Интервенциите се успешни, со уреден постоперативен тек и пациентите се веќе пуштени на домашно лекување. Им посакуваме успешно закрепнување – вели проф.д-р Билјана Кузмановска, национален координатор за транплантација.

Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, без потреба од дијализа. Огромна благодарност за сите медицински тимови и болнички координатори вклучени во трансплантацијата, велат од Министерството за здравство.