Соопштение на ДУИ:
Министерскиот состанок на ОБСЕ во 2023 година беше најголемиот и најзначајниот меѓународен настан организиран досега во Северна Македонија – настан кој собра министри за надворешни работи и делегации од целиот ОБСЕ простор, ставајќи ја нашата земја во центарот на светската дипломатија цели три дена.
Настанот беше пофален од сите партнери и меѓународни институции, опишан како совршено организиран и момент што ги направи горди сите граѓани.
Сите надлежни државни институции – вклучувајќи ги и тие за надзор ја потврдија неговата законитост, транспарентност и примерна реализација.
Обидите на ВЛЕН клеветат не се ништо друго освен политичка злонамерност и завист.
Ниту еден извештај не утврдил незаконитост. Ниту една постапка не е прекршена. Ниту еден договор не е нелегален.
Вистината е едноставна:
• Северна Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф.
• Овој успех им припаѓа на граѓаните, на институциите и на секој што работеше со посветеност за да го прикаже најдоброто од нашата земја.
Разбираме дека за оние кои никогаш немаат организирано ништо со меѓународна вредност е полесно да шират клевети отколку да ја прифатат реалноста.
Но фактите остануваат факти – и ниеден политички шум не може да избрише една национална приказна за успех.
Кампањата на клевети на ВЛЕН не е напад само врз една личност – тоа е навреда за секој службеник, волонтер и граѓанин кој придонесе Министерскиот состанок на ОБСЕ да биде извор на гордост за Северна Македонија.
