Денеска (22.10.2024) на маргините на овогодинешната Виенска конференција за миграција, Државниот секретар на МВР Сашо Петрушевски се сретна со генералниот директор на Меѓународниот центар за развој на миграциски политики – ИЦМПД, г.Михаел Шпенделегер.

Во рамки на средбата на државниот секретар г. Петрушевски, како член на Управната група на ИЦМПД, му беа претставени актуелните состојби и предизвици во насока на управување со миграцијата и миграциските политики, безбедноста и соработката во регионот.

Воедно беа разгледани и идните планови за понатамошна соработка во насока на обезбедување на континуитет во работата на Министерството за внатрешни работи со организацијата.