Државата ќе дели парична помош за пензионерите. Порталот Centar.mk објави кој ќе биде опфатен со новата мерка која ќе ја донесе владата.

Порталот Centar.mk , наведува дека државата ќе доделува дополнителна финансиска помош за пензиоенрите во Македонија, а одлуката се очекува да биде донесена деновиве на владина седница, а според сознанија на новинската агенција се очекува државата да исплати дополнителна финансиска помош на сите пензионери кои примаат пензија до минимална плата.

Пензионерите кои добиваат пензија која не е поголема од 20.175 денари ќе добијат финансиска помош во следниот период, а за сумата и траењето на поддршката се очекува да се произнесе Владата со прецизна одлука, пишува еден од најчитаните портали за вести во Македонија – Centar.mk, од каде потсетуваат дека следната година пензионерите два пати ќе добијат покачување на пензиите.

Извор: BiznisPRO.com