Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 л/м2). Утре во текот на денот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во повисоките места, особено во западните делови. Денес ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен (над 60 км/час), а од понеделник од северен правец што ќе предизвика значително заладување во текот на следната седмица.

Денеска ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 км/час). Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 20 л/м2).

Во Скопје, променливо облачно со појава на утринска магла. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд.