Пелетите за време на енергетската криза скокнаа на над 500 денари, но денес на македонскиот пазар може да се најдат и за 180 до 230 денари од вреќа која тежи 15 килограми, пишува Бизниспро.
Многумина граѓани за време на светската енергетска криза, кога енергенсите растеа, а пелетите станаа вистински луксуз од пелети се префрлија на греење со клими, топлотни пумпи и дрвjа.
Дали ова ќе ги врати граѓаните повторно на пелетите засега не се знае, но огласниците и натаму се полнат со огласи за продажба на печки за пелети.
Многумина граѓани за време на кризата во 2022 сакаа да се ослободат од ваквите печки на пелети. Додека продажбата на вакви печки се намалуваше, климите стануваа најбарани продукти.