На 09.12.2025 година во 19:00 часот во Секторот за внатрешни работи Штип било пријавено дека на регионалниот пат Плачковица–Штип, кај селото Стар Караорман, патничко возило „Форд“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 24 години од Република Турција, со престој во Штип, излетало надвор од коловозот.
Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобиле тројца сопатници на возраст од 18, 24 и 27 години, сите од Република Турција со престој во Штип. Повредите биле констатирани во Клиничката болница Штип.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
