Денеска (24.10.2024) во 00.06 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром, по претходни меѓусебни недоразбирања, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 40 – годишната А.М. и 20 – годишната Р.Б. од една страна и 21 – годишната С.М. од друга страна, сите од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.