Со бројните економски политики беше зголемена просечната плата, а со тоа растеше и поединечниот износ на бонус платите во МВР: 4 дополнителни покачувања за одредени категории работни места, 6 исплатени бонус плати, 5 покачувања на плата за сите вработени во МВР…

Во 2016 година од 01.04.2016 година спроведено е зголемување на платите на вработените за 5%, започнувајќи со априлска плата;
Во 2019 година 01.09.2019 година реализирано е зголемување на платите за 5%

Исто така извршена е измена на Спогодбата за утврдување листа на плати за работниците во Министерството за внатрешни работи со статус на овластено службено лице која стапи на сила од 01.12.2018 година, и се реализира планираниот процес на зголемување на бодовите на плата за 10 и 20 бодовите само за работната позиција „полицаец“, од категориите Е5, Е4, Е3 и Ж5, Ж4 и Ж3, а не и за останатите работни места во тие категории на наведените категории полицајци.

Од 01.01.2019 година во Буџетот на МВР побарани се и одобрени парични средства за исплата на зголемување на плата во износ од 80.000.000,00 денари на годишно ниво за 4.821 униформирани вработени со што се овозможи издвојување на основната категорија Е и Ж работна позиција помлад полицаец полицаец и виш полицаец од останатите вработени. Ова е од особено значење за вработените имајќи предвид дека вакво зголемување за основната компонента полицаец се остварува за првпат од 1991 година.

Започнувајќи од 01.01.2020 година извршена е измена во Колективниот Договор на МВР со што се постигна зголемување на основна компонента на плата во висина од 20% и 30 % во зависност од сложеност на работа по работни места за вработените во организациската единица Оддел за информатика и телекомуникации.

Од 01.01.2022 година согласно измена во Колективен Договор зголемена е платата на вработените во Одделот за компјутерски криминал и дигитална форензика, а исто така спроведено е зголемување на платата за вработените во ИПА Одделението.

Со оваа мерка е спречен одлив на вработени од овие организациски единици. Во 2022 година спроведено е зголемување на платите за 5%, започнувајќи со исплата на септемвриска плата;

Во 2023 година започнувајќи од од 01.03.2023 година извршено е линеарно зголемување на платите на вработените во бруто износ од 3.086,00 ден, со исплата на плата за месец март. Зголемување за 10%, започнувајќи со исплатата на платата за месец септември 2023 година, и за сите вработени во МВР се реализира предвиденото зголемување на платите, за што во Буџетот на МВР се обезбедени средства за оваа намена.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пред два дена објави дека исплатиле надоместокот за годишен одмор (регрес) за 2023 година во износ од 10.000 денари за вработени во МВР, односно бруто износ од 125.498.745 денари.
Како раководство на МВР се обврзавме кон континуирано унапредување на социјалниот статус на полициските службениците и вработените во МВР – со зголемување на платите за 35% откако сум на чело на МВР и со редовно исплаќање на 6 бонус плати, а со една единствена цел – создавање задоволна и мотивирана полиција која ја гарантира безбедноста на граѓаните, додава Спасовски.

Извор: BiznisPRO.com