Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,00 ден/лит, додека малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 74,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,829 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.04.2024 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,832 ден/кг.