Ако сте родени во знакот Вага, подгответе се – ѕвездите имаат подготвено пријатно финансиско изненадување до крајот на месецот. Планетарната поставеност, особено влијанието на Венера во хармоничен аспект со Јупитер, носи можности за дополнителен приход, покачување на плата или неочекуван бонус.

Овој период е одличен за да ги наплатите старите долгови или да завршите проекти што ви ветуваат финансиска добивка. Можно е и да добиете понуда за нова соработка која ќе ви донесе стабилен прилив на пари во иднина.

Важно е да не ги трошите новостекнатите средства импулсивно – насочете ги кон нешто што ќе ви донесе долгорочна корист, било тоа да е инвестиција, обука или подобрување на деловните услови.

Ѕвездите советуваат: бидете отворени за нови можности, но и внимателни со луѓето кои одеднаш ќе почнат да бараат ваша помош – не сите ќе имаат искрени намери.