До, нели, новите околности кои на нацијата ќе ѝ ја вратат античката гордост

ЗОРАН ИВАНОВ

Има многу причини СДСМ и ДУИ по мај годинава да не бидат власт, но има уште повеќе причини таму да не се устоличи ВМРО-ДПМНЕ па, кажано во оваа една реченица, еве само неколку факти кои водат во таа насока и кои упатуваат дека од, нели, преголема љубов за татковината, со разно разни штабски популистички дребулии партијата ја вкотвуваше државата поради што Македонија си го губеше своето скапоцено интегративно и развојно време и еве, така и сега повторно кога земјава таман стапната на ЕУ почвата и таман да го направи првиот чекор, со својот континуитет на блокади и инаети, а всушност со своите доктринарни партиски популизми, и ова актуелно ДПМНЕ, како и претходните со ФИРОМ, па потоа со Рамковниот, исто и со бојкоти за Преспанскиот, еве сега и со ЕУ рамката, на татковината пред нос ѝ ја тресна ЕУ врата и ѝ ја затвори перспективата и тоа пак, нели, поради преголемата љубов за државата и пак, нели, поради преголема грижа за идентитетот на нацијата и сето во обид и државата и нацијата да продолжат да си чмаат во балканските коруптивни подруми до, нели, новите околности кои на нацијата ќе ѝ ја вратат античката гордост.

Извор: Civilmedia.mk