„Цела недела ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски одбиваат да ја потпишат Резолуцијата со која јасно и недвосмислено би се спречило прифаќање мигранти за пари во Македонија. Зошто? Затоа што договор има. Да немаше скриени агенди и дилови под маса, Резолуцијата одамна ќе беше потпишана.“, посочи Александар Саша Дмитријевиќ, член на ЦО на СДСМ на денешната прес-конференција.
Дмитријевиќ, нагласи дека станува збор за национално предавство мотивирано од финансиски интереси, односно дека владата прифатила мигранти во замена за огромни финансиски средства.
„Денеска го разоткриваме пеколниот план на ВМРО-ДПМНЕ- национално предавство за пари. Затоа ја продаваат Македонија. Затоа прифатиле мигранти во пакет со кредити од 6 милијарди евра.“, потенцираше Димитријевиќ.
Тој предупреди дека овој план директно ја загрозува безбедноста и европската иднина на државата.
„Доколку во Македонија се донесат мигранти осудени за сериозни кривични дела, тоа ќе значи директна закана по безбедноста на државата.“, потенцираше Димитријевиќ.
Тој додава дека изолацијата на државата не е случајна, туку намерна политика.
„Затоа на ВМРО-ДПМНЕ ѝ одговара Македонија да остане изолирана, а губитници се само граѓаните и иднината на Македонија.“, посочи Димитријевиќ.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...
