Порталот Expres.mk објави класична дезинформација дека наводно во Струга германската фирма ДМ го суспендирала македонскиот јазик од производите и има декларации само на албански.

Меѓутоа, дали од брзање „заборавија“ да го исечат делот каде што јасно стои декларација на македонски јазик.

Но, ова е веќе добро разработена шема на пропагандната машинерија. Прво се објавува „вест“ во некој портал, а потоа се споделува само насловот на социјалните мрежи.

Случајно или не, оваа дезинформација за наводно „суспендирање на македонскиот јазик од декларациите“ е темпирана во исто време додека траеше расправата во Собранието за уставните измени на Комисијата за уставни прашања.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ